„Соба со пијано“ го имаше свето премиерно прикажување на 18-то издание на интернационално признатиот Филмски Фестивал во Софија.
Филмот, со уште девет други наслови од регионот кои ја сочинуваат програмата Balkans Competition, се натпреварува за една од фестивалските награди.
Прикажувањето на „Соба со пијано“ беше најавено и во голем број од бугарските медиуми.
Филмот претходно беше прикажан и на „ФЕСТ“ во Белград, каде од страна на познавачите на филмот, беше најавен како вистинско изненадување и беше одлично прифатен од тамошната публика.