Поетско читање на Маџиров во Вашингтон

Македонскиот поет Никола Маџиров вчера во Амбасадата на Македонија во Вашингтон одржа поетско читање со кое ја затвори својата посета на САД.

nikola madzirov

За време на посетата на САД, Маџиров имаше поетско читање на универзитетот „Џорџтаун“ во Вашингтон, како и посета на Сиетл, каде се одржа собир на асоцијацијта на американски писатели АВП, на која учествуваа над илајда американски професори, критичари и писатели. Од САД, тој замина кон шведскиот град Умео, кој со Рига ја дели титулата „Европска престолнина на културата“ во 2014.

– Ние сме осудени да го носиме товарот на еден идентитет, да го носиме она што го нарекуваме јазик на нашето детство. Глобализацијата напарви светот да го доживуваме како дом, а сопствениот дом да го доживуваме како свет, меѓутоа тоа што останува како оглас, како ехо, на реченици изговорени од нашите најблиски. Сите тие извици на радост и на страв ќе ги носиме засекогаш. Јазикот на поезијата е универзален, и среќен сум што припаѓам на тоа семејство поети кои се разбираат и без да го знаат јазикот на кој пишуваат, изјави Маџиров.

Поетското читање на Никола Маџиров го отвори амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски.

– Ваквите настани имаат неколкудимензионално влијание врз јавноста тука во Америка. Како прво, се промовира Македонија како земја со извонредни поети, а се промовира и македонскиот јазик, бидејќи поезијата на Никола Маџиров е преведена и на англиски јазик и е издадена тука во Америка. Така што, ваквите промоции се голем плус за Македонија и од културен аспект, и како држава. Неговите песни се преведени на повеќе од 40 јазици и се објавени на сите континенти во светот. Тој интензивно патува и ја промовира македонската култура и јазик, изјави амбасадорот Јолевски.

You May Also Like