Спорт топ 100 до полноќ – е првиот од серијата најавени летни настани во организација на Клубот Матица, со кои се одбележува 15-та по ред акција “Со книга на плажа”.
Честа да го одбележат стартот на акцијата посветена на пишаниот збор ќе им припадне на македонските спортисти, во чие друштво сите посетители на Матица освен во книгите ќе имаат можност да уживаат и во натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил.
Од Матица јавуваат „Преку навивање и забава домаќините на првиот од низата планирани настани во рамките на кампањата “Со книга на плажа”, во случајов македонските спортисти со посетителите ќе ги споделат своите омилени наслови и воедно заеднички ќе го следат мечот помеѓу САД и Белгија.
Настанот ќе се одржи во Вторник на 1 јули, а предвидено е да започне по зајдисонце и да трае се до полноќ, и тоа пред платото на Клубот Матица, на Булеварот на книгите. Освен што сите заеднички ќе се вклучиме во фудбалската треска која деновиве владее низ светот, целата атмосфера и навивачката еуфорија ќе бидат надополнети со 100 препорачани наслови по суперцени.
Меѓу омилените 100 наслови на македонските спортисти се: Хитот на летото “Последната Пролет во Париз”, “Ќерките на Рим”, “Кој тропа на прозорецот”, „Вкусот на гревот“„Балкан во Лондон“, „Рогот на љубовта“, „Нишан“, „Андалузискиот пријател“, „На бал со кралот“ – информираат од Матица.