Голем музички спектакл, пред повеќеилјадна публика во Битола,приреди српската атракција “Земја грува”.
Овој мегапопуларен балакански бенд беше звезда на вечерта на традиционалниот голем музички хепенинг во рамките на Интернационалниот младински арт фестивал “Битола Отворен Град 2014” во организација на Младинскиот културен центар Битола.
Публиката во Битола имаше ретка прилика во живо да ги следи настапот на овој престижен српски бенд кој премиерно настапи во Битола. Атмосферата на Широк сокак под отворено небо дополнително ја загреаа и српскиот ска-реге-џез-панк состав “ZAA” и реге-хард кор бендот “CONQUERING LION” од Тетово. Публиката, која заради музичкиот хепенинг традиционално доаѓа од целиот регион, имаше можност да се забавува во вистинска жешка атмосфера за што зборува и големата популарноста и бараност на бендот “Земја грува” кој е всушност бендот кој настапи како предгрупа на англиската поп дива Amy Winehouse на нејзиниот голем и конраверзен концертен спектакл на белградски Калемегдан во 2011. При тоа “Земја грува” беа единствен претставник од Србија.
Бендот “Земја грува”, настапува на сите поголеми сцени во регионот, а публиката речиси секаде ги знае нивите песни напамет. Како илустрација за популарноста на бендот зборува податокот дека нивниот албум “WTF is gruvlend?” за само една година бележи 40.000 симнувања од нивниот веб сајт, по што следат над 1.000.000 посети на нивниот Youtube канал. Овој бенд, прв пат во Србија по цели 30 години од концертите на Азра во почетокот на осумдесеттите години, во иста вечер распродаде два концерта. Така, покрај регуларниот концерт, заради големиот интерес на публиката, во истата вечер се одржа уште еден под името “Полноќен експрес”. Покрај забележителните настапи на Беовизија, освојувањето на Оскарот на популарноста во категоријата “Нов звук” во 2010 година, освојувањето на наградата Хит на годината на радиото Б92 и наградата за најдобар албум во 2010 според музичкиот портал Попбокс, оваа група од клубска атракција премина во нешто што одамна не се случило на домашната сцена.
Mакедонски бенд “Conquering Lion” во април 2014 ја започна својата Европска турнеја за промоција на новиот албум “Revelation”, додека третиот бенд кој се качи на главната сцена во Битола, српскиот бенд “ZАА”, презентира музика со ска корени и влијание на џез и панк и е моментално најпродуктивниот бенд во регионот. Во 2013 на својата турнеја реализираа 55 концерти. На Европскиот реге натпревар во 2013 се пласираа во првите три бенда.
Инаку, во рамките на фестивалот од 25-ти до 28-ти јуни на повеќе локации во градот беа организирани отворени улични журки, изложби и перформанси. Фестивалот “Битола Отворен Град 2014” е во рамките на Битфест 2014 и е поддржан од ONE и Градоначалникот на општина Битола. Заради атрактивноста на главните звезди, како и заради традицијата главниот музички хепенинг на фестивалот да го посетува над 4.000-на публика од земјата и странство, традиционалниот голем музички хепенинг оваа година привлекувајќи уште поголем број фанови, уште еднаш го потврди статусот на најмасовен музички настан во Битола секое лето.