На иницијатива на Сојузот на средноучилишен спорт во Скопје од 2 до 4 јуни во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи турнир на кој ќе настапат тимови од средните училишта на Градот Скопје и на Софија, Република Бугарија.
На турнирот силите ќе ги одмерат тимовите составени од играчи од средните училишта во двата града во машка и во женска конкуренција во кошарка, ракомет и футсал, како и во одбојка во женска конкуренција.
Екипите на Град Скопје ќе бидат составени од најдобрите ученици коишто учествувале на финалните натпревари на ниво на Град Скопје во соодветните спортови.
Целта на овие натпревари е продлабочување на соработката меѓу двата града и размена на искуства од областа на образованието и спортот.