На 4-ти јуни (вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на Менада ќе се одржи тематска дебата посветена на областа „Културни политики во Македонија“.
Организатор на дебатата е Балканската истражувачка репортерска мрежа во рамки на „Проектот за истражувачко новинарство и соработка меѓу медиумите и граѓанскиот сектор“ како дел од Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.
Целта на дебатата е да овозможи размена на информации од јавен интерес од областа на културата помеѓу граѓанските организации и засегнатите новинари и да послужи како платформа за отворање на теми за натамошни истражувачки стории од оваа област.
Предвидено е дебатата да трае од 11 до 13 часот.