Македонскиот гитарист, Игор Станоевски – IGIMAN, изминатава година е актуелен со високиот пласман (седмо место) на меѓународниот натпревар Play Crossroads на Ерик Клептон, неодамна направи интернет промоција на својот мултимедијален проект “Blues in a bottle”.
Во видеото тој го спојува вајарството и музиката, скулптурите кои учествуваат се негова изработка, и музиката е компонирана, аранжирана и изведена исто така од него.
Игор Станоевски, покрај тоа што е докажан гитарист кој досега имал свој солистички настап на Blues and Soul фестивалот, како и настап со Gregg Wright (гитаристот на Мајкл Џексон), е дипломиран вајар кој преку ова видео спојува повеќе видови на уметност.
Уживајте во изведбата.