Перо Дефформеро со концертна промоција во Скопје

Пародичниот турбо-фолк-метал бенд Перо Дефформеро, по одличниот прв концерт во клубот Хавана, повторно се враќаат на местото на злосторството. Овој пат со концертна промоција на новиот албумoт “”JeR to liči na taj način?”

pero_deformero

Скопската публика повторно ќе има можност да го искуси неспоивото, споено на така мајсторски начин. Самото тоа што овој настан претставува и концертна промоција на долгоочекуваниот албум на Перо Дефформеро “JeR to liči na taj način?” е само дополнителна причина за присуство.

Публиката за прв пат ќе има можност да ги слушне песните од најновиот албум на Перо Дефформеро изведени во живо, како и добро познатите нумери од веќе легендарниот албум Undergrand.

Настанот е предвиден за 11ти април (петок) во Клуб Хавана, со почеток во 21:30 часот

You May Also Like