Спомен собата и музејот на Ататурк во Битола ќе добијат нов лик

Денес (среда, 21 ноември) беше потпишан протокол за соработка помеѓу Владата на Република Турција, претседателството на Турска агенција за соработка и координација (ТИКА) и НУ Завод и музеј – Битола, за обновување и адаптација на административниот дел на Mузејот и спомен собата на Мустафа Ќемал Ататурк кои се наоѓаат во зградата на Воената идадија од Османлискиот период.

Ќе се овозможи обновување на влезната врата, прозорците и балконот од предниот дел, обновување и фарбање на ѕидовите во ентериерот, почнувајќи од рецепциониот дел, првиот и вториот кат, обнова и фарбање на железните ракофати, промена на врати, обнова и адаптација на канцеларискиот простор, како и обновување и молерисување на Спомен собата и обновување на системот за вентилација, снабдување на шкафови со стаклени врати и придружна опрема.

По завршувањето на овие активности ќе се изврши и снабдување со мебел за посетителите во делот на музејска рецепција и коридорите на спратовите, а ќе се постави и црвен тепих од протоколски тип за коридори и спратови. Во просторијата ќе биде обезбеден и соодветен систем за осветлување.

Со потпишувањето и реализацијата на овој протокол ќе се добијат исклучително убави услови во Музејот и во спомен собата на Мустафа Ќемал Ататурк, кои се наоѓаат во зградата на Воената Идадија, кој претставува културно историскиот споменик во Битола,  а датира од Османлискиот период и е ставен под заштита на Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like