Неделата на францускиот филм ќе биде отворена в четврток на 6 декември 2012, во 20:00 часот, во кино „Милениум“, со премиерата на филмот „Среќата никогаш не доаѓа сама“.
„Среќата никогаш не доаѓа сама“ е филм од 2012година во режија на Џејмс Ит, со Софи Марсо и Гад Елмале.
На програмата се и филмовите „Име“, „Љубовџии“, „Верно на оригиналот“, „Госпоѓица Шамбон“ кои ќе се прикажуваат во киното Фросина. Ревијата ќе трае до недела, 9 декември.