Трибина по повод Меѓународниот ден на младите

Утре (12 август 2014, вторник), со почеток од 11:00 часот во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје, во организација на Националниот младински совет на Македонија ќе се одбележи Меѓународниот ден на младите со трибина посветена на менталното здравје на младите.

tribina_mentalno_zdravje_na _mladite

НМС и оваа година го означува меѓународниот ден на младите со организирање на панел дискусија на која ќе се разговара за важноста од грижата за менталното здравје на младите луѓе.

Настанот ќе биде отворен од господинот Чарлс Герет – амабасадор на Кралството Британија во Република Македонија, а на трибината ќе зборуваат:
Кристијан Бундовски – EМСА Македонија
Деспина Стојановскса – психотерапевт
Дамјан Николовски – Y-PEER
Претставник на Црвен Крст на Македонија (TBC)
Претставник на СЗО (TBC)

Оваа дискусија има за цел и да ги престави различните модели преку кои што младите луѓе може да се вклучат во активности можат да ги зајакнат нивните способности и нивните кои што директно значат и подобрување на нивното ментално здравје.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12 август. Неговото меѓународно одбележување започна во 1999-та година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Оваа година темата на меѓунардниот ден на младите е „Младите и менталното здравје“. Целта на овогодинештно одбележување е намалување на стигмата кое е поврзано со сите оние млади кои имаат некаков проблем со менталното здравје, затоа што многу често оние млади кои се соочуваат со вакви проблеми се често етикетирани, а токму тоа всушност ги демотивира да побараат помош или поддршка.
Минатата година, Националниот младински совет на Македонија овој ден го означи со панел дискусија за поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси и промоција на публикацијата „Чекори до национално младинско организирање“.

You May Also Like