Концерт на КУД „Пензионер“ во Прилеп

Денеска (среда, 13 август) од 20:30 часот на плоштадот Александрија, во рамките на Прилепското културно лето, целовечерен концерт со гости ќе одржи КУД „Пензионер”.

KUD PENZIONER

КУД”Пензионер” ќе се претстави со богат избор од староградски песни. Гости на концертот ќе биде КУД “Сирма војвода” од Битола. КУД”Пензионер” кое постои 39 години и в година ќе прослави јубилеј, 40 години од постоењето и е репрезент на староградскиот мелос не само во градот, туку и во Македонија.

КУД”Пензионер” досега учествувало на бројни фестивали и манифестации на кои се негува староградската песна. Доволен податок за квалитетот на друштвото е што во септември годинава ќе настапи на фестивал во Словенија.

You May Also Like