Денеска (среда, 13 август) во 20:30 часот во Концертната сала на Заводот и музеј во Битола ќе се одржи концерт за баритон, тенор и пијано придружба.
На концертот што е во рамките на Бит фест настапуваат: Кристијан Антовски – баритон, Дарко Нешовски – тенор и Андреj Наунов – пијано.
Андреј Наунов е роден во Кочани. Основно музичко образование завршува во родниот град , а средно училиште во Штип. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески каде ги продолжува и постдипломските студии.
Добитник е на неколку државни награди по камерна музика и пијано. Наунов реализира повеќе свои рецитали во Македонија. Како солист настапува со Македонска Филхармонија и со оркестарот на МОБ, а воедно беше дел и од концертната турнеја на С.Трпчески низ Македонија. Освен како пијанист тој е активен и како пејач како дел од ансамблот “Вокали” и ансамблот “Хераклеја”.
Како корепетитор настапува и соработува со бројни солисти и ансамбли (АКУД “Мирче Ацев”, “Франце Прешерн”, “Моис Хасон”, “Танго Акустик”)на Охридско лето, ДММ, Скопско лето, Бит фест, Есенски музички свечености како и надвор од земјава Швајцарија, Австрија, Србија,Германија, Унгарија, Романија, Словенија… Од 2012 е диригент на хорот при Храмот “Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје, претставувајќи се многу успешно на концертот во Виена. Работи како корепетитор во Македонската Опера и Балет и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Оперскиот уметник, Кристијан Антовски e роден во Скопје 1984 година,после завршување на студиите истата година е вработен во Македонската опера и балет на чиа сцена ги има работено и изведено улогите: Папагено (од операта Волшебната флејта), Шонар (од операта Боеми), Гаспаро (од опреата Рита), Дандини(од операта Пепелашка), Господин Боб (од операта Старата мома и крадецот), Белкоре (од операта Љубовен напиток), Али (од операта Италијанка од Алжир). Има одржано соло рецитали и настапувано со разни состави на многу значајни фестивали во нашата држава и странство (Охридско лето, Интерфест-Битола, Скопско лето, Денови на Македонска музика, Струмичко лето, Прилепско лето, Нојшател-Швајцарија, Бјелина-Босна и Херцеговина,Виена-Австрија,Љубљана-Словенија,Нова Горица-Словенија……)
Во март 2013 година има учествувано на меѓународниот натпреварот по соло пеење Женес Музикале во Белград, каде што го освојува третото место и има значаен настап со оркестрот при Белградската опера.
Дарко Нешовски е роден 1986 година во Скопје,своето високо образование го има завршено во Национална Музичка Академија „Проф. Панчо Владигеров”, Софија, Бугарија
Има учествувано на повеќе натпревари каде има постигнато високи резултати(III награда – на 41от Национален натпревар за ученици и студенти, Скопје, Македонија, II награда – „Круната на Трновград”, В. Трново, Бугарија, Добитник на специјална награда за најдобра интерпретација на задолжителна композиција од домашен автор на – 15от Интернационален Натпревар „Петар Коњовиќ” Белград, Србија,Лауреат на Интернационалниот Музички Фестивал „Лауреатски денови на Катја Попова” Плевен, Бугарија…)
Во својата кариера ги има толкувано улогите во оперите(“Die Gartnerin aus Liebe” – В. А. Моцарт- НМА “Панчо Владигеров”, Софија, Бугарија,2007 – “Bastien and Bastiena” – В. А. Моцарт,”Faust” – Ш. Гуно, во улогата на Зибел, Македонска опера и Балет,”Turandot” – Џ. Пучини, во улогата на Панг, Македонска опера и Балет.
Има настапувано со повеќе состави во Македонија и надворо од неа(со Preußisches Kammerorchester , Плевенска Филхармонија, Академско – Филхармониски оркестар Софија, Македонска Филхармонија, Битолски камерен оркестар, Slovak Sinfonietta , рецитли и.т.н.)
Програма за Бит Фест на Кристијан Антовски и Дарко Нешовски (13.08.2014)
1. “Елегија” – С. Христиќ
Во изведба на Кристијан Антовски, баритон
2. “Под Пенџери” – П. Коњовиќ
Во изведба на Дарко Нешовски, тенор
3. “Сомнение” – М. И. Глинка
Во изведба на Крситијан Антовски, баритон
4. “Хотел бьi в единое слово” – П. И. Чајковски
Во изведба на Дарко Нешовски, тенор
5. “Вьi мне писали” – арија на Евгениј Онегин од истоимената опера, П. И. Чајковски
Во изведба на Кристијан Антовски, баритон
6. “Я люблю вас Олга” – Ариозо на Ленски од операта “Евгениј Онегин”, П. И. Чајковски
Во изведба на Дарко Нешовски, тенор
7. “Non piu andrai” – арија на Дон Бартоло од операта”Свадбата на Фигаро”, В.А.Моцарт
Во изведба на Кристијан Антовски, баритон
8. “E lucevan le stelle” – арија на Марио Каварадоси од операта “Тоска”, Џ. Пучини
Во изведба на Дарко Нешовски, тенор9. “Alla vita che t’arride” – арија на Ренато од операта”Бал под маски”, Џ. Верди
Во изведба на Кристијан Антовски, баритон
10. “E la solita storia” – плачот на Федерико од операта “Арлезијана”, Ф. Чилеа
Во изведба на Дарко Нешовски, тенор
11. “O sole Mio” – Е. Д. Капуа
Во изведба на Кристијан Антовски и Дарко Нешовски
12. “Santa Lucia” – Т. Котрау
Во изведба на Кристијан Антовски и Дарко Нешовски