Со парите од Нобеловата награда, ЕУ ќе помага деца во кофликтни ситуации

Со парите од нобеловата награда за мир, која и беше доделена на Европската унија, ќе се финансираат четири проекти во рамките на Европската иницијатива „Деца на мирот“.

Деталите за проектот ги соопшти претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Проeктите ќе бидат финансирани со општа сума од два милиони евра – дел од премијата на Нобеловата награда и дел финасиран од Европскиот буџет. Овие проекти ќе засегнат повеќе од 23 000 деца, кои на некој начин се во конфликтни ситуации и ќе обезбедат достап до основно образование.

Расподелбата на парите од наградата, за деца засегнати од конфликти, беше решено едногласно од претседателите на Европскиот парламент и совет – Мартин Шулц и Херман ван Ромпуј.

Конкретно од оваа акција, полза ќе имаат околу 4000 сириски деца бегалци, повеќе од 5000 деца од Колумбија, од кои поголем дел се бегалци во Еквадор, 11 000 Конгоански раселени деца во источниот дел на демкратската република Конго, деца бегалци од Етиопија и 3000 пакистански деца засегнати од конфликтот во северниот дел на државата.

За нас беше важно паричните средства од Нобеловата награда за мир да бидат подарени на тие, кои се најранливи и најсилно засегнати од војни, поточно децата во светот. Сакаме сите деца да имаат право на заштита на своите права“ – изјави Баросо.

Во време на конфликт хуманитарната помош често е единствениот начин, кој им дозволува на децата да го продолжат своето образование, кое пак ги подобрува нивните перспективи за иднината, но исто ги штити и од насилство и експлоатација.Оваа важна кауза заслужува да биде помогната парично со средствата од Нобеловата награда за мир на ЕУ”  , изјави Кристалина Георгиева, комесар на ЕУ за хуманитарна помош и реакција при кризи.

You May Also Like