Вечерва (среда, 16 јануари 2013 година) со почеток во 20:00 часот, на малата сцена на МОБ ќе се изведе балетската модерна претстава „Јас Исидора“ од Олга Панго.
Либрето, кореографија и режија е на Олга Панго, музиката е на Калиопи Букле, сценографија и костимографија се на Благој Мицевски.
Солисти:
Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска, Маја Митровска Богојевска.
Во претставата се опишува животот на американската балерина Исидора Данкан која живее во почетокот на 20 век, и нејзината љубов што ја запознава во Моска големиот руски писател Сергеј Есенин.