В четврток (17 јануари, 2013) гостин на Македонската Филхармонија во серијалот „Виртуози“, ќе биде виолинистката Акико Суванаи.
Најмладиот победник на меѓународниот натпревар „Чајковски“, Акико Суванаи, гради престижна меѓународна кариера настапувајќи како солист со бројни оркестри и рецитално низ Европа, Северна Америка и Азија. Неодамнешните настапи ги вклучуваат концертите со: оркестарот „Филхармонија“, Кралската филхармонија на Стокхолм, Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем, турнеја со Лондонскиот симфониски оркестар и Валериј Гергиев, Чешкиот филхармониски оркестар и Клаус Петер Флор, Оркестарот на Париз и Пааво Јарви и многу други. Меѓу диригентите со кој соработува се вбројуваат и Владимир Ашкенази, Ендрју Дејвис, Лорин Мазел, Нееме Јарви, Сакири Орамо и Сеиџи Озава.
Суванаи има опширен репртоар кој се протег од Бах до современи композитори, а нејзината екстензивна дискографија е широко прифатена од критиката. Нејзиниот најнов компакт диск е насловен „Емоција“ и е снимен со пијанистот Итамар Голан. Акико Суванаи е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои најзначајни се: прва награда на меѓународниот натпревар „Паганини“ во Италија, меѓународниот натпревар на Јапонија и натпреварот„Кралица Елизабета“ во Белгија.