Промовирана книга за Танец

Во Музејот на македонска борба вчера беше промовирана книгата “Танец промотор на фолклорно-кореографска школа со национален предзнак”, како и ДВД издание со 16 песни за македонските јунаци во изведба на овој ансамбл.

Tanec

Фолклорното творештво што низ вековите го создавал народниот гениј има длабоки корени во традицијата. Тоа е значајна алка во културниот идентитет на македонскиот народ”, велат авторите Кирил Тодевски и Блаже Палчевски.

 

На 192 страници, преку податоци и со голем број фотографии од богатата архива на Ансамблот за народни игри и песни Танец, претставен е дел од културниот код на Македонецот. Од првите сценско-кореографските постановки “Седенка”, “Комитско”, “Невестинско”, “Драчевка”, “Водарки”, “Осоговка”, следен е репертоарот на ансамблот Танец од неговото основање до денес. Авторите во книгата ги расветлуваат и сите проблеми поврзани со реализацијата на постановките во изминатите четири децении, а фокусот е ставен и на цела низа личности поврзани со дејноста на националниот ансамбл Танец”.

На промоцијата беше претставено и ДВД “Песни за јунаците” со 16 композиции во изведба на машката и женската пејачка група на ансамблот Танец. Песните се од целовечерниот концерт кој во Музејот беше одржан на 23 октомври, по повод 120 години од формирањето на ВМРО.

You May Also Like