Скутер за роденден

Зоолошката градина во Скопје е среќна локација. Токму затоа, тука го испивме утринското кафе во 10 часот денес. Тимот на Државна лотарија на Македонија во друштво на прекрасната Новолото 7/34 водителка Марјана, ги додели клучевите на 9тиот скутер во инстант лотаријата Смајли.

Драган Танасковски својот роденден го славел во Зоолошката градина во Скопје. По завршувањето на забавата, посакал да си купи инстант лоз. Родителите одлучиле да ја исполнат желбата на славеникот, а одлука се покажала сосема исправна, бидејќи само го надополнила фондот на роденденски подароци. Во продажното место на Тобакото пред ЗОО во Скопје го купиле среќниот инстант лоз Смајли кој го изгребале веднаш. Трите идентични Смајли знакчиња ја заокружиле атмосферата на убавото роденденското славење во текот на денот.

Само за потсетување, на барање на играчите, Државна лотарија на Македонија за сите млади во срцето, во април, го понуди својот прв лоз со добивки скутери Смајли со кој ја славиме 20-годишнината на емотивниот смајли и уметноста на графитите. За само 30 денари може да го освоите скутерот од соништата -Aprilija SR 50, Gilera Runner 50 или  Vespa LX 2T. До овој момент имаме девет среќни добитници на скутери, во игра се уште 24. Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки, продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија.

ЗА ДОБРО!

Државна лотарија на Македонија

(комерцијален текст)

You May Also Like