Наместо пред црквата „Света Софија“, поради нестабилното време концертот на „Леб и сол“ во рамки на „Охридско лето“ вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 21:00 часот.
На концертот ќе биде изведен музичкиот проект „Леб и сол симфони“ во заедничка изведба на членовите на легандарниот македонски бенд и камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија Jeunesse moving orchestra“.Диригент ќе биде Саша Николовски-Ѓумар.