„Нови сведоци на холокаустот 3“ во Меморијалниот центар на холокаустот

На 10 март во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се отвори ликовната изложба „Нови сведоци на холокаустот 3“ …

memorijalen-centar-evrei-makedonija(copy)

Во рамки на програмата за одбележување на 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта, Треблинка во окупирана Полска, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Меморијалниот центар „Јад Вашем“ од Ерусалим на 10 март 2014 година со почеток во 19 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе биде отворањето на ликовната изложба „Нови сведоци на холокаустот 3“.

Изложбата ќе ја отвори г-ѓа Сара Ајник, уметник од Израел и директор на проектот. Овој проект дејствува веќе трета година и финансиски е поддржан од Министерството за јавна дипломатија и дијаспора на Израел и Меморијалниот центар „Јад Вашем“ во Ерусалим.

Проектот „Нови сведоци на холокаустот“ е придизвикувачки, специфичен и комплексен, не само според темата, туку и според неговата содржина и реализиација. Овој проект, кој се реализира трета година вклучува ликовна колонија и семинар кој се одржа летото 2013 година во Битола и Скопје.

Во оваа ликовна колонија активно учество земаа четиринаесет уметници од Македонија:
Јакимовски Стефан, Маринкоски Оливер, Љубица Мешкова Солак, Перовски Спасе, Петковска Нашата, Радишиќ Весна, Темкова Илова Цветанка, Чучков Спиридон, Османи Селиме, Мемизе Белули, Младеновска Ивана, Сара Ајник, Сашо Ацковски, Димовска Соња…

You May Also Like