Саем „Книга за секој дом“ во Матица

Вчера (недела, 20 јануари) во Клубот матица започна 13-то издание на саемот „Книга за секој дом“.

Саемот нуди повеќе од 100 наслови и повеќе од милион книги на македонски, англиски, француски, германски, српски, хрватски и на албански јазик од домашната и светската проза, поезија, архитектура, уметност, гастрономија, историја, филозофија, право и политика, маркетинг и менаџмент, езотерија, детска литература, енциклопедии, друштвени игри и друго.

Во промотивниот дел предвидени се средби и промоции на книги од следниве автори: Блаже Миневски за неговата книга „Црна Лисица“, Веле Смилевски за „Полицајка в кревет“ и Драко Марковиќ за „Лична карта“.

 

Саемот на книгата “Книга во секој дом” паралелно се одржува во поголемите градови низ Македонија, како Охрид, Струга, Куманово, Струмица, рилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Гевгелија, Велес.

You May Also Like