Скопско лето: концерт на четворорачно пијано

Вечер (недела, 8 јули) во 20:30 часот во Музејот на град Скопје љубителите на музиката имаат можност да проследат музицирање на четворорачно пијано во изведба на Јасна Аврамовска и Славица Мицовска. На прогарамата се дела од Равел, Рахмањинов, Московски, Форе.

Дуото Јасна  Aврамовска и  Славица Мицовска настапуваат од 2003година. Учествувале на повеќе мајсторски курсеви, семирани и меѓународни натпревари во категоријата на пијано дуа, каде се стекнале со награди и признанија, меѓу кои: II награда на Интернационалниот натпревар за пијано дуо во Бугарија во
2003 година, финалисти на Интернационалниот натпревар за пијано и пијано дуо „Seiler” во 2005 година и специјалната награда на натпреварот „Алберт Роусел“ во Франција. Настапувале како лауреати со Бугарскиот камерен оркестар „Банкиа“ од Бугарија, на фестивалите “Mercredis virtuoses” по покровителство на Францускиот институт во Софија, „Балканскиот музички форум“, „Скопско лето“ и други.

Јасна  Аврамовска дипломира на одделот за пијано на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Стела Слејанска. Магистрира на истата институција, во класата на проф. Тодор Светиев. Од 1993 година работи во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ како корепетитор и професор по пијано.

Славица Мицовска дипломира на одделот за пијано на Музичката академиво Софија, во класата на проф. Жени Захариева, каде и магистрира во 2004 година.Посетувала повеќе семинари кај истакнати професори и педагози.

You May Also Like