Бит Фест: Бреговиќ на Хераклеја

Утре (недела, 8 јули) во 10:00 часот на плоштадот Гоце Делчев ќе биде отворена изложба на олдтајмери, а во 21:00 часот во амфитеатарот Хераклеја за прв пат во Битола доаѓа Горан Бреговиќ со својот „Oркестар за венчавки и погреби“.

За спектакуларниот концерт на Бреговиќ  интересот во Битола е огромен. Покрај битолчани во музиката на некогашниот член на „Бело Дугме“, а сега основач на „Оркестарот за свадби и погреби“ веќе се заинтересирани да уживаат огромен број на туристи кои се наоѓаат во Битола, како и гости од сите градови во Македонија.

Освен овој концерт кој ветува многу, дополнителен мотив за да се посети Битола и да се остане во исклучителна забава со содржините на БИТ ФЕСТ 2012 се и деновите кои следуваат.
На 10-ти јули пред Домот на АРМ во Битола со почеток во 21:00 часот ќе гостува West Coast Simphony од Канада, а на Широк Сокак Sheket band од Унгарија. На 11-ти јули незаборавен концерт со групата Нокаут и специјалниот гостин Игор Џамбазов.

You May Also Like