Утре (понеделник, 9 јули) со почеток во 20:30 часот на платото пред Универзалната сала ќе настапи унгарската група Шекет.
Бендот ШЕКЕТ е формиран во 2007 година и оттогаш нивната музика рефлектира различни културни и музички стилови кои се меѓусебно сврзано преку нивните дела. Нивниот стил се развива преку адаптирање на унгарските традиционални фолклорни елементи во нивна изведба, притоа вклучувајќи бугарски, ирски, српски и клезмер ритмови и мелодии.
Настрана од автентичните и конзервативни мелодии, тие вклучуваат удирачки и електронски инструменти, со цел да ја формираат музиката како прифатливо дело за сите генерации.
Потребно е искуство и време за да се вклопат 8 различни стила во една изведба, а на нивните настапи често можат да се видат традиционалните унгарски танци. Бендот има соработка со повеќе културно -уметнички друштва кои често гостуваат на настапите на бендот и придонесуваат кон стилот на музичкото практикување.
Во знакот на унгарските изведувачи ќе биде и вторник (10 јули) кога во Даут пашиниот амам во 21 часот ќе настапи гитаристот Андраш Чаки.