Настанот ќе се одржи вечерва (сабота, 16-ти март 2013 година) во Големата сала на општина Ресен.
Настанот е организиран од комисијата за култура на ОК на ВМРО ДПМНЕ Ресен. Негувањето и промовирањето на ресенската староградска музика е главниот мотив за организирање на овој настан. Особено се настојува да се доближи овој вид музика до младата популација.
Ваквите настани ќе придонесат за сочувување на богатото музичко наследство од Ресен, култната група ,,Ресенчани,, со популарните „Марие млада невесто“, „Пара берит киселец“ и други ресенски евергрини. Учесници на настанот се ресенските оркестри кои ја негуваат оваа музика.
