Скопје добива современо 3D кино

Во сабота (04.02.2012 година) со премиера на филмот „Пина“ од култниот режисер Вим Вендерс, ќе биде промовирана новата “д технологија во Градското кино Милениум. Најактуелната и најсовремената 3Д опрема на светскиот пазар е веќе инсталирана во кино Милениум.


Во светот постојат 4 системи на прикажување 3Д слики, од коишто (Dolby 3D) е со најдобар квалитет на слика. Проекторот е модел LX од фирмата KINOTON-BARCO.

Производител на платното е HARKNESS. Најновиот Dolby DSS200 е серверот што е инсталиран во киното, а звукот е 7.1 Dolby Digital со најновиот процесор на Dolby CP750.

Половина од влезниците за премиерата на 4 февруари се веќе во продажба, а филмот „Пина“ ќе остане на редовен репертоар со проекции во 22:30 часот, во недела на 05.01.2012, ден потоа, во термините од 17:30 и 20:00 часот ќе се прикажува филмот „Најмрачниот час“ во режија Крис Горак.

За реализација на проектот за опремување на Градското кино Милениум, со најнова софистицирана 3Д технологија, од Буџетот на Град Скопје, беа одвоени околу 8.500.000 денари, а билетите за 3Д проекции ќе чинат 200 денари и можат да се купат на касата на Градското кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот.

You May Also Like