Бајруш Мјаку со претставата „Сократова одбрана“ која е во режија на Дритро Касапи и Дино Мустафиќ, од 22-26 март ќе учествува на фестивалот на монодрамата „Света муза“ во Уланбатoр, Монголија.
На фестивалот ќе учествуваат претстави од 10 земји од светот, а гостувањето на Мијаку, кое е поддржано од страна на Министерството за култура, се совпаѓа со одбележувањето на неговиот јубилеј 40 години театарска работа.
Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“.