„Прличеви беседи“ е манифестација која егзистира од 1952 година, почната од културните институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев.
НУ Центар за култура Григор Прличев – Охрид на 5 февруари, во соработка со Просветно дело, Детска радост, ја востановува наградата Григор Прличев, награда за најдобра поема.
Оваа награда се доделува секоја година во Охрид, во организација на НУ Центар за култура Григор Прличев и Просветно дело, со поддршка од Министерството за култура. Оваа година носител на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема е Трајче Кацаров, со поемата Ако.
„Прличеви беседи“ е манифестација која во градот Охрид ја одбележува Центарот за култура, охридската библиотека, локалната самоуправа, истоименото основно училиште, издавачката куќа Просветно дело, Друштвото на писатели и Министерството за култура.
Манифестацијата продолжува на 6 февруари и се состои од полагање цвеќе пред споменикот и гробот, посета на спомен куќата со соодветна програма.