„Урбан човек“ е насловот на изложбата на фотографии од Сања Николиќ Бутeрин што вечер (четврток, 5 јули) во 20:30 часот ќе биде отворена во Национална галерија на Македонија, објект Мала Станица, а костимираната звучна порака „Со-облекување“ ќе биде прикажана во 21:00 часот во „Менада“.
„Урбан човек“ опфаќа 40-ина црно-бели фотографии што Николиќ Бутерин ги работи на различни локации, а заеднички момент е што го прикажуваат урбаниот човек во просторот околу него, а претстваува и заокружена целина односно плод на повеќегодишна тематска работа.
Во 21:00 часот во „Менада“ ќе биде прикажана костимираната звучна порака „Со-облекување“ во која учествуваат: Артисти Андреа Димушевска и Марта Трендафилова; говореше Соња Михајловска; стихови и соработник на концепт Кочо Андоновски; снимател Александар Миловановски; Видео Арт и Видео Монтажа Милчо Узунов; Музика и режија Кокан Димушевски; Автор – Марија Пупучевска; Продуцент Александар Герасимовски.
Идејата е преку спојување на различни визуелни и аудио елементи да се покаже меѓузависноста на драмата, операта и балетот и тоа токму преку костимографскиот израз на Марија Пупучевска.