Концерт на дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски во Софија

Денеска (28 Февруари, петок) во 18:30 часот, во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија свој концерт ќе има Дуото Кларинети Ѓоревски-Бакревски.

duo_klarineti_

Оваа ретка музичка формација на македонските подиуми е составена од нашите двајца познати кларинетисти Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски и е плод на нивната долгогодишна соработка и во нивната матична куќа, Македонската опера и балет и преку соработката во други камерни формации и ансамбли. Музичкиот репертоар за два кларинети е вистинска реткост, а Ѓоревски и Бакревски токму во тоа пронаоѓаат провокација за музичко истражување.

На концертот во Софија, дуото ќе настапи со дела од Б.Крусел, Ф.Пуланж, Ж.Лефевр, Џ.Росини и Д. Имери.

You May Also Like