В петок (17 август, 2012 година) во 12:00 часот, во Фоаје на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи сеќавање за Светлана Христова Јоциќ.
Организатори на настанот посветен на една од најголемите македонски поетеси Светлана Христова Јоциќ се Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“, Струга и Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга.
Реч за Светлана Христова Јоциќ ќе одржи д-р Христо Петрески.