Концерт на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија

Денеска (6 јуни) во “Музејот на Борис Христов” во Софија концерт за пијано и обоа ќе одржат нашите музичари Кристина Светиева и Томе Атанасов.

piano

 

Со концертот за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов, закажан за петок (6 Јуни) во “Музејот на Борис Христов” нашата земја се вклучува во меѓународната програма на јубилејниот 10 Фестивал на уметностите, посветен на бугарскиот оперски пејач со светска слава, Борис Христов. На овој реномиран музички фестивал ќе настапат бројни бугарски музички уметници како и гости од Австралија, Германија, Шведска, Финска, Кипар и Грција.

На рециталот за пијано и обоа, нашите познати музички уметници ќе се претстават со дела од : R. Schuman, J.B.Loeillet, F.Poulenc, C.Nielsen, J.W.Kalliwoda, како и со Сонатата за обоа и пијано од Стојан Стојков.

Кристина Светиева дипломира на Факултетот за музички уметности во Скопје во 2006 година, магистрира во 2008 година под менторство на познатата бугарска пијанистка и педагог Жени Захариева а во 2010 година ја завршува својата двегодишна специјализација на познатата музичка академија “Schola Cantorum” во Париз. Докторира во април 2014 година, а од 2012 година е доцент по пијано на Факултетот за музички уметности во Скопје. Светиева е носител на бројни домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на натпревари во Италија, Бугарија и Чешка.

Томе Атанасов има остварено голем број на концерти и рецитали, како член на триото “Атанасов”,како солист на обоа со камерниот оркестар “Скопски солисти” и камерниот оркестар “Симфонија” од Софија. Атанасов настапува како соло обоист на оркестарот “Kammerphilharmonie” од Келн, има бројни настапи низ цел свет, Германија, Франција, Шпанија, Холандија, Белгија, Австралија, Кина, Ј.Кореја, настапува и во светски познатите музички сали “Sidney Opera Hause”, City Recital Hall Angel Place во Сиднеј, Австралија и “Palau de la Musica” во Валенсија, Шпанија.

Концертот на Кристина Светиева и Tоме Атанасов во Софија е дел од Годишната програма на Македонскиот културен Центар во Софија и финансиски поддржан од нашето Министерство за култура.

You May Also Like