Во организација на Штип Хоп, на 15 јуни 2013 ќе се оддржи шестиот по ред „Штип Хоп фестивал“.
Честа за претставување на хип хоп културата оваа година во Штип ќе ја имаат, Кртот и Секачот, Легија, Пука Козметика, Нов Поредок и Аго од Скопје, од Скопје доаѓа и ДиЏеј Славе кој ќе биде задолжен за грамофоните и загревање на атмосферата пред и во тек на настапите, додека од Куманово ни доаѓа екипата Герила и секако домаќините Штип Хоп. Местото на оддржување е во Домот на млади во Штип, влезот како и секогаш е бесплатен, а почетокот е во 21:00 часот.
Инаку целиот настан започна пред шест години како меморијал во чест и сеќавање на прерано починатиот артист од Штип Хоп, Трајче Параспуровски-Пури. Во изминатите години овој настан прерасна и стана своевиден заштитник на опстанокот и чувар на развојот на вистинската Хип Хоп култура и Рап музика во Македонија. Во досегашната мината 5-годишна историја поминаа над 100-тина Хип Хоп артисти и групи, Ди-Џе-и, графити цртачи, од Македонија, но и гости од Република Бугарија.
извор: regioni.mk