Претставници на Музејот на Македонија и градскиот музеј на Неготино, професори и студенти од Филозофскиот факултет-отсек археологија и десеттина локални жители ги истаржуваат локалитетите на територијата на општина Неготино.
Истражувачките работи се одвиваат на три локалитети: Мали Дол, Чаир рид и Јака чешма, што само потврдува дека општина Неготино, а посебно атарот на селото Тремник располагаат со огромно археолошко богатство што претставува предизвик за истражување од страна на стручната јавност.
Посебно атрактивен е локалитетот Јака чешма каде што е откриено постоење на римски водовод што според археолозите докажува дека на овој простор во минатото егзистирала елитна и многубројна населба.
Истражувањата се очекува да се одвиваат и во периодот од наредните два месеца, а целокупните активности се финансирани со средства од Министерството за култура и локалната самоуправа Неготино.
извор: regioni.mk