Првата Goclick и Google конференција за современиот маркетинг во Македонија ќе се одржи на 19 јуни 2013 (среда) во Порта Македонија со почеток во 10:00 часот.
На конференцијата за прв пат во Mакедонија ќе предават Дарко Дујич, директор за развој во Google Adriatic и Лука Нахбар Цвикл, специјалист за социјални мрежи во компанијата Goclick од Словенија. Конференцијата е наменета за сите присутни компании на македонскиот пазар , посебно кон извозно ориентираните кон глобалиот пазар.
Целта на конференцијата е на компаниите да им ги претставиме потенцијалот и можностите за похрабро и поефективно пристапување на домашните и странски пазари.
Организатор на настанот е најголемата специјализирана регионална агенција за Интернет маркетинг, GoClick. Оваа агенција е и најголем регионален партнер на гигантот Google, моментално присутна на македонскиот, словенскиот, хрватскиот, српскиот, унгарскиот и други пазари.
Присуството на конференцијата е бесплатно, а бројот на слободни места е ограничен!
Агенда:
09.40 часот – регистрација
10.00 часот – отварање на конференцијата, Министерство за информатичко општество и јавна администрација, (Иво Ивановски)
10.10 часот – Лука Нахбар Цвикл, специјалист за социјални мрежи во Goclick, Словенија „Интернет маркетинг трендови“
10.40 часот – предавање Дарко Дујич, директор за развој во Google Adriatic „Google како маркетиншки гигант“
11.20 часот – Лука Нахбар Цвикл, специјалист за социјални мрежи во Goclick, Словенија „Социални мрежи и маркетинг“
11.50 часот – коктел и неформално дружење