„Ненормален“ премиерно прикажан пред струмичката публика

Синоќа во Хотелот Вила Парк премиерно беше прикажан најновиот краткометражен филм на Ице Виранов, „НеНормален“. Филмот е во продукција на Киноним во соработка со ТАУ Филм, во него играат Коста Ангов, Васил Михаил и Марија Челебиева.

nenormalen-plakat

Организатор е Борјан Тилевски, технички продуцент Александар Пауноски, продукциски дизајн Никола Маглешев, кинематограф Тане Коџабашиев, дизајн на звук Иван Ѓорѓиевски, монтажа Ице Виранов, музиката е на Петар Ташев, а костимите на Ванчо Василев.

Промотивниот плакат на филмот е дело на познатиот струмички дизајнер Марјан Ѕин. Режисерот во својата експликација за филмот вели дека тоа е само обичен ден во кој треба да се заврши навидум сосема нормална и лесна работа.

извор: strumicadenes

You May Also Like