Баскет-турнирот AP Streetball Tour ќе се случи на 15 и 16 јуни на спортските терени на хотелот „Александар Палас“ во Скопје. За учество на турнирот може да се пријават сите заинтересирани „баскетџии“ од Македонија, без разлика на возраста.
Сите екипи ќе се натпреваруваат во една категорија(нема старосни граници), a оние кои ќе се најдат на првите три места ќе добијат вредни парични и непарични награди. Секој тим треба да биде во состав од 3 + 1 играч, а пријавувањето е отворено до Петок 14 јуни.
Покрај баскет-натпреварите ќе се одржи и натпревар во шутирање за три поени, а за најдобриот(и во оваа категорија) следува парична награда.
Изминатите 2 години на турнирот учествуваа повеќе од 60 екипи и настанот го проследија над 3000 посетители, факти кои ја потврдуваат тенденцијата, AP Streetball Tour да прерасне во традиционален „баскет“ турнир.
Екипите може да се пријавуваат на меилот apstreetballtour@gmail.com или пак на фејсбук страницата AP Streetball Tour.