Во организација на велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, на 16 јуни 2013 година ќе се одржи реномираниот „Мавровски велисипедски маратон“.
За љубителите на природата и на велосипедизмот возењето низ пределите на Маврово е вистински празник, особено во овој период од годината.
Во прекрасниот амбиент на реканскиот крај, натпреварувачите ќе возат на релација Маврово-Леуново-Сандакташ-Чавкарник-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, или вкупно 93 км.
Истовремено истиот ден ќе се одржи и рекреативниот полу маратон, кој ќе се вози околу Мавровското Езеро. За рекреативците е обезбеден и бесплатен автобуски превоз од Скопје до Маврово. Стартните броеви ќе се доделуваат на 16.06.2013 од 07:30 до 08:30 часот, а натпреварувањето ќе биде спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.