Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера (среда, 21 ноември, 2012) го посети идниот музеј на вкусовите во Kавадарци. Поранешниот Младински центар, а претходно Офицерски дом во центарот на градот, ќе биде реконструиран во музеј.
Кавадарци е град на култура кој поседува големо културно наследство и големо уметничко творештво од уметници кои го презентираат културниот идентитет на државата. Затоа Кавадарци заслужува еден ваков музеј, изјави Канческа-Милевска.
Министерката Канческа-Милевска пред посетата на објектот што се реконструир, а посади дрвце во месноста Мелци во Кавадарци, во рамки на 10-тата акција за пошумување на Македонија.