Промовиран документарецот „Повратна карта“

Синоќа (13 август, понеделник) на плоштадот „Александрија“  во Прилеп, премиерно беше прикажан македонско-словенечкиот документарен филм „Повратна карта“.

Филмот е во режија на Тадеј Чатер, по сценарио на прилепчанката Билјана Зероска Становник, која живее и работи во Љубљана.

Филмот говори за меѓусебното поврзување на неколкумина Македонци и Словенци и за нивното враќање секој на своите корени.

Премиерата на филмот сниман во 2011 година беше во рамките на манифестацијата „Цело лето- културно лето.“

You May Also Like