Турскиот театар гостува во Елбасан

Турскиот театар од Македонија на  14-от Интернационален театарски фестивал „Скампа“ во Елбасан, Албанија, вечер (четврток, 22 ноември) ќе ја изведе претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Владимир Милчин.

Фестивалот се одржува под мотото „Натпревар“, а оваа изведба на Турскиот театар, по успешното учество на Меѓународниот театарски фестивал „Јоакиминтерфест“ во Крагујевац, Србија (каде претставата е наградена за режија), ќе биде второ презентирање на Меѓународна сцена.

You May Also Like