Вечерва, (петок, 26 октомври) ќе се одржи “Free Your Mind” во клубот Колосеум, во чест на еден голем човек, пријател и талентиран диџеј – DJ Power.
Во негова чест вечерва музика ќе пуштаат: Џон Антонио, Бабура, Боби, Бранчез, Игор Иокс, Зоки Бејбе, Кристијан (хаус саунд оф Скопје), Мисковски, Виктор Бегич, Жани Песинџер, Дарко Де Жан и многу други артисти.
DJ Power ја сакаше и разбираше музиката, но истовремено имаше храброст да го следи своето срце и инитуиција во промовирање на нови музички текови. За љубовта што ја даваше низ музика, да му возвратиме со танц.
Тој го загуби животот мината година, враќајќи се од Крива Паланка, во тешка сообраќајна несреќа. Љупчо беше познат меѓу луѓето, почитуван и поддржуван во својата работа.
Овој 38-годишен прерано починат диџеј успешно ги забавуваше луѓето и имаше бројни настапи во македонските дискотеки и кафулиња.
Забавата започнува во 23:00 часот.