(фото) Македонски ликовни уметници изложуваат во Велико Трново

Отворена изложбата на македонски ликовни уметници во бугарскиот град Велико Трново …

konekcija 2 5На 11 Август во Центарот за културни иницијативи “Таралеж” во Велико Трново, беше отворена изложбата “Конекција 2”. Седум македонски ликовни уметници кои работат во различни ликовни техники, од графика, масло на платно, текстил, скулптура, инсталации, пред две години се обединија во проектот “Конекција” и се претставија на исклучително посетена изложба во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија.

Тоа беше повод, КИЦ на Македонија повторно да го актуелизира овој концепт и да продолжи со организација на ликовни настани со оваа неформална група од талентирани и креативни ликовни уметници кои дипломираа на Академијата за ликовни уметности во Софија и во моментов живеат и работат во Бугарија. На првата од серијата ликовни изложби, која синоќа беше отворена во Велико Трново, се претставија Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иво Пецов и Соња Димитрова од Виница, Горан Тричковски од Делчево, Зоран Георгиев од Гевгелија и Иван Стоименов од Скопје.

konekcija 2 4

Изложбата во Велико Трново ја отворија директорот на КИЦ на Македонија Васко Шутаров и домаќинот од Галеријата “Таралеж” Лилјана Георгиева.

Велико Трново е бугарски кандидат за Европска престолнина на културата за 2019 година,во конкуренција со Софија, Пловдив и Варна. Македонскиот културен Центар планира серијата изложби “Конекција 2” да продолжи и во други бугарски градови. Проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.

konekcija 2 3

konekcija 2 2

konekcija 2 1

 

You May Also Like