Селектирани дела од Игор Јосифов во МСУ

Во вторник (25 септември, 2012 година) ќе биде отворена изложбата „Селектирани дела 2007-2012“ на Игор Јосифов, добитник на наградата на Биеналето на млади уметници во 2011 година.

Игор Јосифов и е познат на македонската публика, како и на љубителите на уметноста насекаде во светот. Од 2000-та година е присутен со свои дела на  самостојни и  групни изложби во галериите и во музеите во САД (Сан Франциско, Беркли, Чикаго, Мајами и Њујорк), Обединети Арапски Емирати и на европскиот континент во ( Осло, Париз, Берлин,  Белград, Тирана и Подгорица).

 
Во Скопје изложувал на групни изложби во 2004 година, во Музеј на Град Скопје.
Во 2011 година учествува на Биеналето на млади  уметници во  НУ Музеј на современата уметност. Единствена награда на БМУ во НУ МСУ која ја доби Игор Јосифов. Ова е негова прва самостојна изложба во неговата татковина.

 

Куратори на изложбата се Благоја Варошанец, Ива Петрова и Мира Гаќина.
Изложбата ќе биде отворена до 20. октомври 2012

You May Also Like