Денеска (понеделник, 24 септември, 2012 година) во 20:00 часот во „Султан-кафе“ во Старата чаршија, кураторката Агата Рогош од Полска ќе одржи презентација со наслов „Отпор заради опстанок“.
Во фокусот на презентацијата на кураторката Агата Рогош е Институтот за уметност Wyspa (Wyspa Institute of Art), првиот приватен институт за современа уметност во Полска.
Основан од Wyspa Progress Foundation во 2004 година, Wyspa е лоциран во просториите на поранешното бродоградилиште во Гдањск, местото каде што во 1980 година се зачна работничкото движење “Солидарност“.
Презентацијата е можност за запознавање сo уметничката сцена во Гдањск и партиципативните проекти видени во специфичен општествен и политички контекст и нeговите историски знаменитости.
Организатор на настанот е КООПЕРАЦИЈА – самофинансирана група на автори отворени за соработка со други домашни и странски уметници и куратори.
————————————
Агата Рогош е родена во 1980 во Полска. Од 2012 таа е членка на IKT (Интернационална асоцијација на куратори/ки на современа уметност). Од 2006 година работи како кураторка и предавач во областа на визуелната култура.
Соработувала со: Baltic Sea Cultural Centre од Гдањск, Културен центар Zamek во Познан, Академијата за ликовни уметности во Гдањск, Институтот за уметност Wyspa во Гдањск, Галеријата Leto во Варшава, Универзитетот за уметност во Познан и Галеријата ZAK | BRANICKA од Берлин.
Објавувала есеи во списанијата: Architektura, Architektura & Biznes, Praesens, Arteon, Obieg, Exit, Czas Kultury и други.
Во моментов е докторанд по Балкански студии на Универзитетот “Адам Мицкјевич” во Познан, каде што во моментот работи на докторскиот труд од областа на антропологијата.