Во организација на Мото Клубот „Ангели чувари Ем-Си“ денеска (недела, 23 септември, 2012 година) во Скопје и Струмица се организираат крводарителски акции.
Крводарителската акција во Скопје е во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, а во Струмица во Трансфузиологија.
Истиот ден во клубот и хотелот „Евро Сет“ во Скопје (на Зајчев Рид) ќе се одржи и забава за сите што учествувале во крводарителската акција во „Даре Џамбаз“.
Инаку Мото клубот „Ангели Чувари Ем-Си“ е дел од традиционалните македонски клубови познати како Ем-Си (MC).
Ова е втора година по ред како организираат вакви акции, а целта е да прераснат во традиционални.