Секој алпинист од Еверест ќе мора да понесе и дел од ѓубрето

Алпинистите кои тргнуваат во освојување на врвот на светот, 8.848 метри високиот врв Монт Еверест, ќе мора на враќање во долината да понесат со себе осум килограми смет, соопштија непалските власти, кои на овој начин сакаат да ја исчистат највисоката планина во светот која воедно е и најпосетуваниот врв над осум илјади метри.

mount_everest_trash_clean_up

Монт Еверест веќе повеќе декади е алипнистичка Мека, но тоа со себе повлекува и последици: оставање резервоари со кислород, шатори, изгубена опрема, лименки од пиво, пластични шишиња, но и тела на загинататите кои поради екстремниот студ не се распаѓаат. Поради екстремните услови, несреќи на Хималаите и не се реткост, но акциите за спасување или извлекување на телата е многу тешко за изведување.

Новата одредба се однесува на сите алпинисти кои поаѓаат во освојување на Еверест од базните логори и ќе се применува од април, кога почнува сезоната на експедиции. Експедициите ќе мораат да го предадат својот смет на посебно одредени места, во близина на базните логори каде ќе дежураат припадници на непалската полиција и војска.

Иако експедициите пред самиот поход на врвот мораат да остават депозит од 4.000 долари, кој им се враќа откако ќе вратат се што со себе носеле на планината, проблемот секогаш бил да се спроведе даа мерка.

– Нашите поранешни напори не се покажаа успешни. Овој пат, ако алпинистите не го вратат сметот, правосилно ќе ги гониме и казнуваме, предупреди претставник од Министерството.

Во февруари Непал ја намали цената на дозвола за искачување, како на Еверест така и на другите планини за да привлече што поголем број на алпинисти. Еверест е голем извор на приход за Непал, но таа мерка предизвика негодување кај еколозите. Властите од Непал одговорија со строги мерки на контрола што се однесува до оставањетото смет зад себе.

You May Also Like