Предавање во Волонтерскиот центар во Гевгелија

Денеска (15 март, сабота) во Хотелот Аполонија во 13:00 часот,  во рамки на Волонтерскиот центар на Гевгелија, ќе се одржи предавање за он-лајн заработувањето.

gevgelija

На втората работилница на тема „Научете како да заработувате ОНЛАЈН” може да приствуваат волонтери, средношколци, студенти и сите граѓани на Општина Гевгелија што бараат работа и сакаат да научат нешто повеќе за тоа како да заработат онлајн. Волонтерски Центар за млади во Гевгелија  e проект на Фондацијата Аполонија и Здружението за едукација на деца и млади „Сложувалка“, финансиран од SPA програмата на USAID, достапна преку волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија.

 

You May Also Like