Од денеска до сабота (19 -22 март 2014 година) со почеток во 19:00 часот ,во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се прикажуа филмот „Сината е најтоплата боја“.
Оригиналниот наслов: “Blue is the warmest color”
Жанр: Драма, романтичен
Времетраење: 179 мин.
Година: 2013
Режија: Abdellatif Kechiche
Земја на потекло: Франција
ИНФО, Адел е девојка која е различна од нејзините врсници. Вниманието почнува да и го привлекува девојка по име Ема. Ема е студент на ликовната уметност, која се спријателува со Адел и оди да живее со неа. И она што следи од тоа пријателство е неверојатна блискост што произлегува од љубовта. Двете девојки почнуваат една страсна љубовна врска, при што Адел е принудена да се крие од своето семејство. Приказната почнува да се комплицирани кога Адел вработена како наставник во училиштето каде што се среќава со млад човек.
Овој филм е создаден од романот Џули Маро, “Синиот Ангел”. Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал 2013 година во која го доби најголеми овации и критика, а исто така ja освои и Златната палма од жирито на чело со режисерот Стивен Спилберг.