Севлашки собир „Камбаните бијат“ во Крушево

Денеска и утре (4 и 5 август, 2012) во Крушево,во организација на Меѓународниот совет на Власите, за прв пат се одржува севлашкиот собир „Камбаните бијат“.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржи промоција на книги за изучување на влашкиот јазик, за историјата и животот на Власите во минатото, симпозиум на тема: “Местото и улогата на Власите во Илинденското востание и во создавањето на балканските држави”, како и честување на животот и делото на борци и истакнати личности со влашко потекло, откривање на спомен плочи.

Покрај тоа ќе се одржи „Севлашки светски собир за реализирање на правата на Власите во државите со поголема концентрацја на Власи”, каде што Република Македонија претставува лидер и пример за сите останати држави. Потоа ќе има литургија на влашки јазик, модна ревија со стилизирана влашка носија, богата културно уметничка програма со пејачи Власи и фолклорни групи од сите држави, изложба на традиционални носии, ќе се оствари посета на знаменитостите и на убавините на градот Крушево итн.

„Kамбаните бијат“ првпат се одржа во август 2010 година во месноста Москополе, Албанија.

You May Also Like